Во согласност со Статутот
на МАНД:
Член на МАНД може да биде секој археолог што професионално
врши работи од областа на археологијата - граѓанин на Република
Македонија, кој доброволно ќе пристапи со давање на писмена
изјава.
Зачленувањето во МАНД се врши со пристапница, односно со издавање на членска
книшка, која при исклучувањето или престанокот на членувањето во друштвото
задолжително се враќа.
Во МАНД може да членуваат и почесни членови - еминентни поединци кои дале особен
придонес за развојот на археологијата, за што решава Собранието на предлог
од Претседателството (Член 4)
Членот има право да биде избиран во органите на МАНД, да
учествува во работата на МАНД и да придонесува за неговиот
развој и популаризацијата. (Член 5)
Обврски на членовите на МАНД се:
-
да земаат конкретно учество во спроведувањето на Програмата
за активностите на МАНД;
-
да присуствуваат на состаноците;
-
редовно да ја плаќаат членарината. (Член 6)
|