Почетна Новости Линкови Контакт E-Mail

  За МАНД
Историјат на МАНД
Статут
Претседателство
Одбори
 
Членови
Именик
Зачленување
 
Активности
Истражувања
Изложби
Промоции
Симпозиуми
Предавања
Екскурзии
 
Редакција
Редакција на MAA
Известувања
Macedonia Acta
Archaoelogica
Информатор

Статут на МАНД и општи одредби

1. Македонското археолошко научно друштво, во натамошниот текст МАНД, е друштво на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните - професионални археолози од Македонија, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности со цел да се грижи за археологијата во Република Македонија, да ја унапредува и развива нејзината дејност, да ги популаризира постигнатите резултати, да ги координира археолошките активности, да се грижи за археолошкото богатство и да ја следи неговата заштита.

3. ...МАНД обезбедува соработка со сродни асоцијации и институции од областа на археологијата и помошните дисциплини од други земји

11. Работата на МАНД е јавна. Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на членовите на МАНД за сите облици на работење, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работата на претседателството и другите органи, за материјално-финансиското работење и друго. За информирањето на пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата и другите медиуми.

Цели и задачи на МАНД и начин на нивно остварување

12. Археолозите од Македонија се здружени во МАНД заради остварување на поширок заеднички интерес, а посебни цели и задачи се:

  • унапредување на научно-истражувачката работа;

  • презентација на резултатите од археолошките истражувања од интерес на афирмацијата на археолошкото наследство и културната историја на Македонија;

  • укажување помош во стручното оспособување на членството;

  • водење грижа за состојбите на археолошките наоѓалишта и нивната физичка заштита;

  • водење грижа за заштитата на археолошките предмети во збирките на Музеите и Збирките, чувањето, презентацијата и др.

13. За остварувањето на своите цели МАНД обезбедува јавни презентации преку: организирање на тематски или ретроспективни изложби; конгреси, симпозиуми, тркалезни маси и други собири од државен и меѓународен научен интерес; објавување резултати од археолошките истражувања; промоции на отпечатени археолошки трудови; стручни советувања, како и настапи пред јавните медиуми.

МАНД има своја издавачка дејност.

МАНД има свое стручно списание "Macedoniae Acta Archaeologica" што редовно го издава секоја втора година. Унапредувањето на списанието и другите изданија е регулирано со посебен Правилник за издавачка дејност.

Органи на МАНД

20. Органи на МАНД се:

  • Собрание;

  • Претседателство;

  • Комисија за надзор;

  • Суд на честа;

  • Издавачки совет.

21. Собранието на МАНД го сочинуваат сите членови на Друштвото...

26. Претседателството на МАНД е извршен орган во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на МАНД во согласност со Статутот.

32. Комисијата за надзор врши контрола на:

  • спроведувањето на Статутот и другите акти;

  • материјало-финансиското работење.

33. ...Судот на честа има функција на првостепен дисциплински орган

35. ...Издавачкиот совет именува и разрешува Редакциски одбори и Главни уредници за списанието "Macedoniae Acta Archaeologica" и другите изданија на МАНД.










 
© MAND 2005. All rights reserved. Powered by creative workshop