01.03.2018. - Известување од Претседателството на МАНД
Почитувани колеги, членови на МАНД,
На состанок на Претседателството, оддржан во НУ Археолошки Музеј на Македонија на ден 01.03.2018 година, беше одлучено да се свика Годишно Собрание на МАНД на ден 23.03.2018 г., во 11 часот, во просториите на НУ Археолошки Музеј на Македонија во Скопје. Со оглед дека мандатот на актуелото Претседателство и органите на здружението се истечени, ова собрание ќе има и изборен карактер за наведените позиции. Во таа насока, Претседателството дискутираше и го предлага следното:
- Изборот на Претседател на МАНД да се прави врз основ на лична пријава, со кратка биографија и кратка Програма за функционирањето и активностите на МАНД во текот на еден мандат.
- Поднесените пријави ќе бидат разгледани од актуелното Претседателство, а најдобрите кандидатури ќе бидат претставени пред Собранието на МАНД. Ве молиме кандидатурите да бидат доставени до Претседателството на МАНД до 20.03.2018 година, во електронска форма, на е-маил адресите: marjan@fzf.ukim.edu.mk ; sanev@hotmail.com
- Доколку нема пријавени кандидати, ќе се продолжи со досегашниот начин на избор на Претседател.
- Изборот на останатите тела ќе се одвива како и досега, согласно правилникот на друштвото
Дополнително, Ве известуваме дека во тек е и подготовката на Macedonia Acta Archaeologica 21, чија промоција се планира за месец Април о.г.
Со почит,
Скопје 01.02.2018 г.
Претседателство на МАНД
|