Почетна Новости Линкови Контакт E-Mail

  За МАНД
Историјат на МАНД
Статут
Претседателство
Одбори
 
Членови
Именик
Зачленување
 
Активности
Истражувања
Изложби
Промоции
Симпозиуми
Предавања
Екскурзии
 
Редакција
Редакција на MAA
Известувања
Macedonia Acta
Archaoelogica
Информатор
Новости
   
27.11.2008. - Додатни информации за 20.Симпозиум на МАНД

Сместување за членовите, транспорт, членарина

Сите членови кои што се учесници со свои трудови на симпозиумот имаат обезбедено полн пансион за целото времетраење на симпозиумот, односно започнувајќи со ручек во среда 03.12.08 г. и завршувајќи со доручек во сабота 06.12.08 г. Хотелот Унион располага со двокреветни соби, а за попрегледна евиденција, организаторот ве моли да доставите на е-маил адресата податоци со кого ќе бидете сместени во собата и колку дена ќе престојувате: inasteva@hotmail.com или на моб. тел.

Членовите кои не учествуваат во сипозиумските излагања, како и дипломираните археолози и студенти од Институтот за Ист. на ум. и арх., а кои што ќе бидат присутни за следење на излагањата, ќе имаат обезбедено ручек и вечера од МАНД. Пијалоци не се обезбедени, освен кафе во кафе паузите.

МАНД не го покрива превозот до Кичево. Во досегашната практика музеите или заводите и музеи го обезбедуваа превозот, така и во оваа прилика очекуваме директорите од овие институции да излезат в пресрет на нашата молба и да ги покријат трошоците за транспопрт на археолозите.

На 04.12.08 г, четврток по попладневната сесија ќе се одржи редовно годишно-изборно собрание на МАНД на кое може да присуствуваат само членовите на друштвото.

Членарината за една година изнесува 500,00 ден., односно за изминатите две години 1.000,00 ден., а ќе може да се уплаќа во хотелот, на паузите, кај одредена личност.


Срдечни поздрави

Ирена К. Настева


 









 
© MAND 2005. All rights reserved. Powered by creative workshop