Почетна Новости Линкови Контакт E-Mail

  За МАНД
Историјат на МАНД
Статут
Претседателство
Одбори
 
Членови
Именик
Зачленување
 
Активности
Ископувања
Изложби
Промоции
Симпозиуми
Предавања
Екскурзии
 
Редакција
Редакција на MAA
Известувања
Macedonia Acta
Archaoelogica
Информатор
Изложби
   
30.11.2008. - Археолошки наоди од Кичево и кичевско

Изложбата ‛Археолошкото минато на кичевската котлина“ организирана по повод ХХ-тиот Симпозиум на Македонското Археолошко Научно Друштво, со цел неговите учесници и пошироката јавност да се запознае со археолошките ископувања на наоѓалиштата во кичевската котлина.



Остатоците од најстарите населби, од неолитот, енеолитот, бронзеното и железното време, откриени се на локалитети во селата: Миокази, Црвивци, Трапчин Дол, Кичевско Кале и др. Во античкиот период населбите се попбројни, а би можеле да ги издвоиме на локалитети во селата: Миокази, Трапчин Дол и Карбуница. Археолошките остатоци констатирани на овие наоѓалишта имаат аналогии со соседните региони, кои се вклопуваат во општите културни достигнувања на двете големи антички држави, Македонската и Римската, во чии рамки се наоѓа и оваа котлина.



Средновековниот град Кичево за првпат се споменува во повелбата на Византискиот цар Василиј II во 1018 година под името Кицевис. Македонското, односно словенското име е Китава. Остатоци од декоративна камена пластика откриена локалитети во селата: Аранѓел, Црвивци, Миокази, Кнежевски Манастир, Ижишта и други локалитети кои потекнуваат од ранохрисијански цркви од IV – VI век. Со археолошките истражувања изведени во градиштето ‛Вранец“ – село Миокази, откриена е ранохристијанска црква – тробродна базилика со некропола внатре и околу неа.














 









 
© MAND 2005. All rights reserved. Powered by creative workshop