Почетна Новости Линкови Контакт E-Mail

  За МАНД
Историјат на МАНД
Статут
Претседателство
Одбори
 
Членови
Именик
Зачленување
 
Активности
Ископувања
Изложби
Промоции
Симпозиуми
Предавања
Екскурзии
 
Редакција
Редакција на MAA
Известувања
Macedonia Acta
Archaoelogica
Информатор
Промоции
   
17.05.2013. - Промоција на книгата Конзервација на метални археолошки предмети

Во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, в понеделник, на 20 мај со почеток во 12 часот, во Музејот на Народната банка на Република Македонија ќе се одржи промоција на книгата Конзервација на метални археолошки предмети од Дијана Ванчевска и Билјана Бозароска Павловска. На промоцијата ќе говорат проф. д-р Биљана Минчева-Шукарова (Институт за хемија, ПМФ, Скопје) и проф. д-р Ивелин Кулев (Институт за аналитичка хемија, ФХФ, Софија).

Во книгата се претставени археолошките метали, техниките на нивната обработка и научно верификуваните методи за нивната физичко-хемиска заштита. Ова единствено дело од областа на конзервацијата на металните археолошки предмети во Македонија претставува збир на конзерваторските искуства на авторките и на релевантната стручна литература за конзервација на археолошките предмети од метал.

Ова издание на Народната банка на Република Македонија е обид да се пополни релативно големата празнина во однос на стручната литература од областа на апликативната конзервација, во намера да послужи во работата на институциите и поединците коишто професионално се занимаваат со заштита на културното наследство.
 









 
© MAND 2005. All rights reserved. Powered by creative workshop