Почетна Новости Линкови Контакт E-Mail

  За МАНД
Историјат на МАНД
Статут
Претседателство
Одбори
 
Членови
Именик
Зачленување
 
Активности
Ископувања
Изложби
Промоции
Симпозиуми
Предавања
Екскурзии
 
Редакција
Редакција на MAA
Известувања
Macedonia Acta
Archaoelogica
Информатор
Промоции
   
02.12.2012. - Изложување на Адам од Говрлево и промоција на монографијата “Церје - Говрлево и Милош Билбија”

Музејот на град Скопје на 11.12.2012 година во 20:00 часот
има чест да Ве покани на

Изложување на Адам од Говрлево во постојаната археолошка поставка на Музејот на град Скопје
и
промоција на монографијата “Церје - Говрлево и Милош Билбија”

поздравна реч:
Љубица Кондијанова

промотори:
проф. д-р Драги Митревски
проф. д-р Митја Гуштин





Во Музејот на град Скопје на 11.12.2012 година во 20:00 часот ќе се случат две собитија сврзани со неолитскиот локалитет Говрлево. Имено, добро познатото керамичко машко торзо - Адам од Говрлево ќе биде изложено во постојаната археолошка поставка на Музејот на град Скопје и ќе биде промовирана монографијата “Церје - Говрлево и Милош Билбија” од Љубо Фиданоски (кустос за неолит во музејот). Адам ќе си го добие заслуженото место меѓу археолошките неолитски експонати во рамките на поставката на музејот во посебна витрина и со соодветен каталог - како исклучителен неолитски наод од автентичното културно наследство на Македонија. Монографијата се состои од два дела, во кои одделно ќе стане збор за локалитетот Церје - Говрлево (историјатот на истражувањата и дел од откриените наоди) и за животниот пат на археологот кој го откри и валоризира локалитетот, Милош Билбија, како и неговите објавени и необјавени размислувања за него, односно нераскинливата врска меѓу Билбија и Говрлево. Со оваа манифестација ќе се одбележат 30 години од првите археолошки истражувања на локалитетот кој досега има дадено голем допринос за праисторијата на Македонија и пошироко.
 









 
© MAND 2005. All rights reserved. Powered by creative workshop