Почетна Новости Линкови Контакт E-Mail

  За МАНД
Историјат на МАНД
Статут
Претседателство
Одбори
 
Членови
Именик
Зачленување
 
Активности
Ископувања
Изложби
Промоции
Симпозиуми
Предавања
Екскурзии
 
Редакција
Редакција на MAA
Известувања
Macedonia Acta
Archaoelogica
Информатор
Промоции
   
4.01.2012. - Промоција на книгата „Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија“

Почитувани,

Ве покануваме на промоција на книгата „Неолитски антропоморфни предмети во Република Македонија“ од авторите Никос Чаусидис и Гоце Наумов овој четврток, 05 јануари, во кафе-книжарницата Магор, со почеток во 19 часот.

Книгата ќе ја промовира проф. д-р Александар Прокопиев.

Оваа монографија обработува неколку категории археолошки наоди откриени на територијата на Република Македонија што потекнуваат од неолитскиот период (6500 – 4000 години пред нашата ера). Пред сè, станува збор за керамички предмети обликувани во форма на човечкото тело или на одредени негови делови, не ретко комбинирани со некои други елементи од тогашното негово опкружување: антропоморфни фигурини, антропоморфни модели на куќи и антропоморфни садови. Во оваа публикација, акцентот не е ставен на самите наоди, туку на нивната научна интерпретација. Врз база на типолошките, компаративните, интердисциплинарните и семиотичките методи, во неа се прави обид за откривање на митско-религискиот карактер на овие артефакти, нивното место во социјалните сфери на неолитските заедници, како и на односот на тогашниот човек кон сопственото тело и светот во кој егзистирал.
 









 
© MAND 2005. All rights reserved. Powered by creative workshop