Почетна Новости Линкови Контакт E-Mail

  За МАНД
Историјат на МАНД
Статут
Претседателство
Одбори
 
Членови
Именик
Зачленување
 
Активности
Ископувања
Изложби
Промоции
Симпозиуми
Предавања
Екскурзии
 
Редакција
Редакција на MAA
Известувања
Macedonia Acta
Archaoelogica
Информатор
Симпозиуми
   
20.09.2010. - XXI Симпозиум

До
Членови на МАНД
и учесници на XXI Симпозиум на МАНД

Почитувани,

Ви доставуваме процедурално писмо со кое Претседателството на МАНД Ве известува за одржувањето на XXI Симпозиум на МАНД.

-  Симпозиумот ќе се одржи во Струмица, во хотел Цар Самуил, Банско, од 26.10.2010 - 29.10.2010 година.
-   Програмата за Симпозиумот е составен дел на оваа информација.
-  МАНД обезбедува престој и полн пансион за сите членови на друштвото во текот на сите денови, кои учествуваат на Симпозиумот со свое предавање. Евентуалното заминување или пристигнување вон предвидените денови, со што би престојувале пократко во хотелот, треба да го пријавите кај претседателот на МАНД. Собите во хотелот се двокреветни и трокреветни.
- МАНД не го организира пристигнувањето во хотелот и заминувањето од него. Според долгогодишното искуство при организирање на археолошките симпозиуми на друштвото, институциите, во кои поголемиот дел од учесниците се вработени, партиципираат за патни трошоци. И овој пат раководните органи во надлежните институции во државата ќе бидат замолени да ни излезат во пресрет надоместувајќи ги патните трошоци.
-  Во текот на симпозиумот е организрана посета на Римската бања во Банско, која се наоѓа во непосредна близина на хотелот Цар Самуил.
- Заради голем број на пријавени предавања, програмата на симпозиумот е конципирана во секции за Предисторија и Рана антика и секции за Антика и Среден век, кои ќе се одвиваат истовремено.
-  Предавањата се ограничени на 15 минути. Ви напоменуваме дека прекорачување на времето нема да има. Ваша обврска е во предвидениот временски период за предавање да оставите простор следниот предавач да го завземе местото за презентирање.
- Ќе бидат обезбедени компјутери со LCD проектори за презентација на  приготвен материјал во Power Point на CD.
-  Втората вечер е предвидено да се одвива годишното собрание на друштвото.

Ви пожелуваме успешен работен дел на Симпозиумот и пријатен престој во хотелот.

Поздрав,
Претседател на МАНД
Марина Ончевска Тодоровска

 









 
© MAND 2005. All rights reserved. Powered by creative workshop