Почетна Новости Линкови Контакт E-Mail

  За МАНД
Историјат на МАНД
Статут
Претседателство
Одбори
 
Членови
Именик
Зачленување
 
Активности
Ископувања
Изложби
Промоции
Симпозиуми
Предавања
Екскурзии
 
Редакција
Редакција на MAA
Известувања
Macedonia Acta
Archaoelogica
Информатор
Симпозиуми
   
13.04.2010. - XXI Симпозиум

Оваа година МАНД ќе организира редовен симпозиум каде ќе бидат претставени трудови од последните археолошки истражувања во Р. Македонија.
XXI- от Симпозиум ќе се одржи во Струмица, во хотел Цар Самуил, бања Банско, во месец октомври.
Учесниците ќе имаат можност да ги презентираат најновите сознанија од археолошките истражувања, кои со поголем обем се изведуваат последниве години.

Рокот на доставување на насловот на темите, со што се потврдува Вашето учество на симпозиумот, е 30. 06. 2010 година. Пријавување на e-mail: marinaot@t-home.mk, ili marinaoncevskatodorovska@yahoo.com.

Организирањето на симпозиумот, односно планирање на должината на одржување и останати организациони активности, зависат од бројот на пријавени учесници. Затоа, неопходно е да се придржувате до датумот за доставување на темите.
Право на учество во симпозиумот имаат членови на МАНД, кои ќе ја пријават темата до посочениот термин и ќе уплатат чланарина во друштвото, за изминатите две години во износ од 1.000,00 денари, што воедно претставува обврска според Статутот на МАНД. Учеството на симпозиумите претставува и привилегија за членовите на друштвото, бидејќи хотелското сместување со полн пансион не е на терет на учесниците, како и транспостот, кој го обезбедуваат институциите каде што се вработени членовите на друштвото, а се добива право на печатење на текст во зборникот МАА.
Долгогодишната навика на членовите на друштвото, членовите да не се придржуваат до посочените пропозиции за одржување на симпозиумот, нема да биде толерирана. Ве молиме уплатата на чланарината да ја потврдите и на посочените e-mail адреси.

Уплатата да се изведе на следниот начин:
Уплатница:           ПП10
Цел на ознака:     Чланарина за 2009 и 2010 година
Износ:                     1.000,00 денари
МАНД- Македонско археолошко научно друштво
жиро сметка:        200000003502468
Стопанска банка

 









 
© MAND 2005. All rights reserved. Powered by creative workshop